СДСМ оцени дека Мицкоски ги слави нивните „државотворни политики“: Во видеото е Глигоров, не Груевски

СДСМ тврди дека со промотивното видео на премиерот Христијан Мицкоски, по повод 35 години независност на Македонија, всушност се слават нивните државотворни политики.

СДСМ тврди дека со промотивното видео на премиерот Христијан Мицкоски, по повод 35 години независност на Македонија, всушност се слават нивните државотворни политики.

„Христијан Мицкоски денеска објави видео по повод 35 години независност на Македонија. И што видовме? Видео што ја слави државотворната политика на СДСМ. Во видеото е Киро Глигоров. Во видеото се најголемите државни успеси на Македонија“, стои во партиската реакција.

Оттаму додаваат дека во видеото само недостасува влезот во НАТО, како и почетокот на преговорите со ЕУ.

„Сè што е позитивно и државотворно во тие 35 години, е дело на СДСМ. Ниту еден вистински државен успех во овие три и пол децении, не носи потпис на ВМРО. Затоа во видеото нема место за Никола Груевски. Тие години на темнина, криминал и бегство не се за промотивни спотови.

Нема место ниту за оваа актуелна Влада – затоа што нема што да покаже. Мицкоски сакаше да се пофали со независноста. А всушност објави промоција на сè она што СДСМ го изгради. Македонија има причина да биде горда. И таа гордост, во најголем дел, носи потпис на СДСМ“, велат од Бихаќка.

Претходно, премиерот Мицкоски сподели видео во кое се издвоени значајни моменти и личности во независна Македонија. Објавата на видеото доаѓа на денот кога од Охрид започнува одбележувањето на 35 – годишнината од независноста на Македонија.

(ВИДЕО) Мицкоски објави видео по повод 35 години независност на Македонија