СДСМ: Мицкоски, Сиљановска, Муцунски признаа за македонскиот идентитет, сега треба да признаат и за малцинствата

„Лагите на Мицкоски и ВМРО-ОКГ дека СДСМ се предавници и дека Преспанскиот договор е закана за македонскиот идентитет се потврдени. Прво Христијан Мицкоски призна дека Преспанскиот договор е ремек-дело на дипломатијата. Потоа Тимчо Муцунски призна дека НАТО е феноменална работа“ соопштија денеска од СДСМ.

Велат „сега и претседателката Гордана Сиљановска Давкова призна дека прашањето за македонскиот јазик, култура и национален идентитет е апсолвирано. Сите тројца, еден по еден, ја потврдија вистината што СДСМ ја зборуваше години наназад. Останува уште да им признаат на граѓаните за сите лаги, лажни кампањи, обвинувања и загубени години“.

„Сега се на ред да признаат дека и внесувањето на малцинствата во Уставот не е никаква закана за македонскиот идентитет. Малцинствата не се непријатели на Македонија. Тоа се наши сограѓани, соседи, пријатели, колеги. Ниту едно малцинство не го загрозува македонскиот идентитет. Она што ја загрозува Македонија е криминалот, корупцијата, изолацијата и блокадата на европската иднина што ја спроведува ВМРО-ОКГ“ е ставот на СДСМ.