Поранешниот албански претседател и екс-премиер Сали Бериша денеска во Собранието во Албанија упати обвинувања против актуелниот премиер Еди Рама и лидерот на опозицијата – Љуљзим Баша. Бериша побара Парламентот да расправа за отворање истрага против „двете глави на медузата”.
Тој смета дека против двајцата политичари треба да се почне истрага за перење пари, преку криминални дејствија.
„Доколку сакаме да бидеме сериозни во борбата на овој грозен криминал кој ги храни сите други видови криминали, вклучително и тероризмот, треба да спроведеме темелна истрага, како за главата на медузата (Рама),која испра над 200 милиони евра, така и за неговиот заложник (Баша), чие прашање го затвори во Апелацискиот суд и не го испрати до Врховен со посебна наредба“ – рече Бериша.