Тропската бура „Ана“ во Јужна Африка однесе 70 животи

Бројот на жртви во тропската бура „Ана“ во Јужна Африка денеска се зголеми на седумдесет, јавуваат тамошните медиуми.

Бурата во понеделникот го зафати Мадагаскар, а потоа и Мозамбик , односно Малави.

Мадагаскар досега соопшти дека има 41 жртва, во Мозамбик загинаа 18 лица, додека оваа бројка во Малави изнесува 11.

Бурата преминала кон Зимбабве, но таму нема смртни случаи.

Десетици илјади домови се оштетени во трите најпогодени земји.