
Роналдо со деби за Ал Наср, иако не даде гол ја воодушеви публиката
Португалскиот ас Кристијано Роналдо вчера дебитираше во дресот на Ал Наср во победата над Ал Етифак од 1:0.
Единствениот гол на натпреварот беше дело на Талиска, а со овој триумф Ал Наср дојде до врвот на табелата во првенството.
Some skill show 🤩💛 pic.twitter.com/PW4dGG54XN
— AlNassr FC (@AlNassrFC_EN) January 22, 2023
Роналдо не постигна гол, но имаше неколку потези кои ја креваа публиката на нозе. При погодокот на Талиска, по топката скокна и Роналдо, но не стигна до неа.
Следниот натпревар Роналдо за Ал Наср ќе го игра за три дена, во Суперкупот против Ал Хилал.
Match goal 🔥🦅
From different angle 🤩📸 pic.twitter.com/BLIBlVEMCa— AlNassr FC (@AlNassrFC_EN) January 22, 2023