
Легендарниот бразилски фудбалер Роналдињо пак има проблеми со законот.
Екс ѕвездата на Барселона и Милан не се појави на судското сослушување кое се одржа вчера во врска со измама со еден бренд на биткоини.
Станува збор за „18кРоналдињо“ биткон, преку кој наводно екс-фудбалерот ветувал 2% профит дневно за сите кои ќе уплатат 30 долари.
Резултатот од измамата на крајот бил граѓанска тужба вредна 56.5 милиони евра. Роналдињо е осомничен дека свесно учествувал во акцијата и полицијата има право присилно да го доведе во судот на наредното сослушување.
Претходно во своја одбрана Роналдињо порача дека брендот го користел неговиот лек без претходна дозвола.
Ова не е првпат Роналдињо да има проблеми со законот бидејќи помина 6 месеци во парагвајски затвор поради лажна патна исправа.