Родителите на загинатите деца во Кочани: Не бараме пресуда на улица, бараме правда во судница!

Родителите на загинатите деца во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, во сабота, ги повикуваат сограѓаните да им се придружат на 44-тиот Марш на ангелите.

Родителите на загинатите деца во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, во сабота, ги повикуваат сограѓаните да им се придружат на 44-тиот Марш на ангелите.

-На денот на Задушница, со тишина, молитва и болка што не поминува — ќе чекориме за нашите Ангели. За оние чии гласови замолкнаа прерано, но чие присуство засекогаш останува во нашите срца, се вели во повикот на Здружението 16-ти Март.

Маршот ќе се одржи во сабота, во 19.05 часот, а ќе се тргне од спортско игралиште с. Ратавица, Пробиштипско.

-На Задушница не се заборава. Се палат свеќи. Се изговараат имиња. Се носи љубовта кон оние што физички ги нема, но духовно се со нас во секој чекор. За 63-те Ангели. За повредените. За правдата што сме должни да ја истраеме до крај. „Не бараме пресуда на улица. Бараме правда во судница“, се наведува во повикот.