Ристоска: Измените на Кривичниот законик ги доживувам како навреда на сите професионалци

Последните измени на Кривичниот законик ги доживувам како навреда на сите професионалци кои се вложија, пред се’, во борбата против корупцијата, изјави денеска обвинителката Ленче Ристоска.

Според неа, Обвинителството сега е ставено пред неблагодарна и тешка задача, роковите се куси, а таму каде што не е застапена застареноста, тоа експресно да се заврши.

„Предметите во кои сме вложиле многу и ресурси и енергија веќе застаруваат, голем дел од нив. Барем за предметите по кои јас постапувам, во тек ни е анализа да видиме точно која ќе биде импликацијата од овие измени на Кривичниот законик. Меѓутоа, самите измени јас лично ги доживувам како навреда на сите професионалци кои сме се вложиле во борбата, пред се, против корупцијата, бидејќи овие измени најчесто ќе ги афектираат коруптивните кривични дела“, рече Ристоска.

Обвинителката смета дека измените ќе ги афектираат коруптивните кривични дела.