Рама за пожарите во Грција: Тажно е да се види како страда нашата соседна држава

Премиерот на Албанија, Еди Рама, со жалење гледа на пожарите во Грција.

„Тажно е да се гледа нашата прекрасна соседна земја како постојано страда од пожари“, напиша меѓу другото Рама на Твитер.

„Многу е тажно да се види една прекрасна соседна земја постојано страда од пожари. Храбриот грчки народ и сите луѓе во униформи кои се борат против таквиот пустош ја заслужуваат нашата целосна поддршка. Длабоко им се восхитуваме.„ вели Рама на неговиот Твитер профил.