Рама: В понеделник ден без возила заради заштеда на гориво!

Премиерот на Албанија – Еди Рама објави дека в понеделник ќе биде „ден без возила заради заштеда на гориво, а не од еколошки аспект“. Тој најави и опција работа од дома, како во времето на карантинот поради пандемијата на Ковид-19, што „е добра можност за штедење на нафта“.

„Агенцијата за енергетика го потврди она што го кажувавме, а тоа е дека проблемот во оваа ситуација не е колку очигледен. Додека разговараме за цените, ризикот е недостигот. Да не ги прифаќаш фактите и да зборуваш како да си во нормална реалност е многу голем проблем“ – истакна Рама.

Тој додаде дека Владата ќе заседава и ќе донесе одлука околу опцијата за работа од дома. Рама препорача и утрешниот ден да биде без автомобили.

„Тоа е реалната состојба. Растот на цената е неминовен, како и во другите земји“ – додаде албанскиот премиер.