Професорка по математика се жали од грешка во учебник: Збирот на агли изнесува одеднаш 190!

Професорка по математика во СУГС Раде Јовчевски-Корчагин, на социјалната мрежа Фејсбук се пожали на нова грешка во учебник. Имено, збирот на внатрешните агли во триаголник е секогаш 180, но на графикот објавен од страна на професорката во учебникот изнесува 190.

„Ја сакам математиката, меѓу другото, и заради доследноста.

Збирот на агли во триаголник (во Евклидова геометрија) секогаш досега бил 180 без разлика кој бил на власт или кој ја изгубил војната.

Одеднаш -190!

Нешто сум пропуштила!

Живот во заблуда!

Ми се плаче, ми се урла!“, стои во објавата на професорката по математика на ФБ.