
Приведени двајца мажи и две жени од полицијата од Благоевград поради вандалскиот чин врз македонскиот културен центар ,,Никола Вапцаров”. Според бугарските медиуми, тие го признале делото, се на околу 40 годишна возраст и немаат криминално досие. Стаклото на влезот на македонскиот културен клуб во Благоевград беше искршено со камења вечерта на 4 февруари.