Тој вели дека е отворена можноста за сите кои сакаат да се приклучат кон концептот за европска држава, за што потврди дека партијата на Таравари има изразено политичка волја, но не презира дали и за што во моментов се разговара. Вели стабилноста на владиното мнозинство не е доведена во прашање.

Дали ќе влезе во Владата постојат шанси за тоа, како што кажаа и другите политички лидери. Дали ќе се случи тоа зависи од политички договор од два аспекта- едниот е програмски а другиот кадровски. Додека не се случи такво нешто, не може да зборуваме со сигурност дека ќе има уште еден владин партнер, изјави Ковачевски.

Ковачевски и Ахмети не кажаа дали нивните партии се подготвени да отстапат министерски и директорски места за Алијанса. Од Алтернатива велат дека цената за вакво засилување треба да ја платат СДСМ и ДУИ.

Од Демократскиот сојуз на Павле Трајанов апелираат да се престане со проширување на владиното мнозинство, бидејќи на ваков начин според нив ќе се засили незадоволството кај граѓаните, ќе се заострат меѓуетничките тензии и сериозно ќе се нарушат уставните принципи за соодветна и правична застапеност на етничките заедници во власта.