Претставени 3Д презентации: „Независни за Карпош“ со забелешки за ДУП-от и висококатиците во „Алумина“

Општина Карпош објави 3Д-презентации како ќе изгледа просторот кај поранешна „Алумина“ во населба Тафталиџе, а според предвиденото ќе се гради комплекс од 8 згради со различна катност, меѓу кои двете највисоки ќе бидат со по 35 ката, односно приземје и 34 ката.

Според општината анкетни листови со забелешки на овој план можат да поднесат само оние кои се сопственици на земјиште во просторот на „Алумина“.

Граѓанската иницијатива „Независни за Карпош“ вечерва во библиотеката „Другарче“ ќе одржат собир на кој ќе се разговара за промените во ДУП-от.

Според нив промените се толку големи, што не само што непосредно ќе влијаат врз животот на луѓето во „Тафталиџе 1“, туку и на соседните маала, па и на целиот град Скопје.