Полскиот претседател Анджеј Дуда денеска повторно и се обрати на јавноста во врска со синоќешниот инцидент во кој две ракети паднаа на полско тло.
– Нема причина да се верува дека ракетниот инцидент е напад врз Полска – изјави Дуда.
Дуда исто така рече дека ракетата е „веројатно руско производство, но немаат докази дека Русите ја испукале“.
Тој исто така додаде дека проектилот најверојатно бил користен како дел од украинскиот одбранбен систем.
Клучната работа, како што рече Дуда, е дека нема докази дека станува збор за намерен напад и дека во моментов нема потреба да се „активира членот 4“ како дел од процедурите на НАТО.