Претседателите на САД и Франција договорија координирана акција против Русија

Претседателот на САД – Џо Бајден и шефот на државата во Франција – Емануел Макрон вчера се согласија координирано да одговорат на руското воено присуство на украинската граница

Двајцата претседатели во телефонскиот разговор ја потврдиле поддршката за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина.

Тие разговарале и за „координацијата што во моментов е во тек на дипломатско и на ниво на подготовки за воведување брзи и остри економски санкции кон Русија во случај на натамошна окупација на Украина.

„Претседателот Бајден и претседателот Макрон се договорија нивните тимови да бидат во редовен контакт, консултирајќи се и со сојузниците во НАТО и со партнерите од ЕУ, за нашиот координиран и глобален пристап за решавање на овие прашања“ – навадуваат од Белата куќа.