Прва победа за Вардар во македонската прва лига, дербито во Тетово без голови

Вардар почна да освојува бодови, по ремито против Силекс, денеска црвено-црните го остварија првиот триумф оваа сезона откако ја совладаа Македонија Ѓорче Петров со 2-1.

Дарко Мицевски од пенал во 25. минута погоди за 1-0, а осум минути подоцна младиот напаѓач Азер Омерагиќ реализираше за 2-0.

Македонија Ѓорче Петров успеа само да постигне почесен гол во судиското продолжение од мечот со гол на Никола Величковски.

Шкендија речиси четири години нема победа во меѓусебните пресметки против Шкупи. Овојпат двата кандидати за титулата одиграа меч без многу шанси и со ниту еден гол.

Гостивар на свој терен загуби од Силекс со 2-1. Кратовскиот тим поведе со автогол на Гоба во 40. минута, а гостиварци преку Тимовски во 64. израмнија на 1-1. Кратовци играа со фудбалер помалку но и покрај тоа Ристовски во 75. минута погоди за победа од 2-1.

Воска со два гола на Марушиќ ја совлада Брегалница со 2-0. Немаше голови на дуелот меѓу Брера и Работнички.

Струга и Тиквеш ќе играат во понеделник од 16 часот.

ПРВА ЛИГА, 6. КОЛО (16 ЧАСОТ)

Брера – Работнички 0-0

Гостивар – Силекс 1-2 (0-1)

Тимовски 64 – Гоба 40 аг., Ристовски 75

Шкендија – Шкупи 0-0

Вардар – Македонија ЃП 2-1 (2-0)

Мицевски 25 п., Омерагиќ 33 – Величковски 90+3

Воска – Брегалница 2-0 (1-0)

Марушиќ 14, 87

ВО ПОНЕДЕЛНИК

Струга – Тиквеш (16 ЧАСОТ)

ТАБЕЛА: Шкендија 13 (-1), Брера 13, Силекс 9, Брегалница 9, Шкупи 9, Воска 7 (-1), Тиквеш 7 (-1), Работнички 7, Македонија ЃП 5, Вардар 4 (-1), Струга 3 (-4), Гостивар 3.