Пратеници на Алијансата за иднината на Косово истурија јаглен пред Владата во Приштина

Пратеници на Алијансата за иднината на Косово (ААК) денеска истурија јаглен пред влезот во зградата на Владата во Приштина, изразувајќи го своето незадоволство од енергетската ситуација и оценувајќи дека освен во енергетски, Косово е и во политички мрак.

Пратеникот на Алијансата, Бурим Рамадани, рече дека во последните години Косово преминало од енергетски мрак во ситуација што тој ја смета за политички мрак.

– Со Курти и Самоопределување, Косово беше во енергетски мрак во последните шест или седум години, што ја држеше земјата во таа состојба, а сега се движи во политички мрак, рече Рамадани.

Тој посочи дека симболиката на јагленот има врска со подземните ресурси на Косово, критикувајќи го недостатокот на инвестиции во енергетскиот сектор и купувањето електрична енергија од странство.

– Пораката и симболиката на јагленот, е дека Косово лежи на јаглен, но електрична енергија не се произведува, рече Рамадани.

Според него, во изминатите години, околу милијарда евра се потрошени за купување електрична енергија од Србија и други земји, обвинувајќи дека од оваа ситуација профитирала „енергетската мафија“.