
По измените на Кривичниот законик, се огласи Груевски. Екс премиерот чие име се споменува во контекст дека тој ќе биде спасен од повеќето казни вели дека „јас и мои соработници сме под прогон за несторени работи, тој прогон е страв од конкуренција и желба за политичка елиминација“.
„Вакви измени во Законот се говорат во јавноста одамна, околу четири-пет години и од она што можам да забележам од медиумите има многу заинтересирани страни од различни политички провиниенции за истите да се изгласаат“, пишува Груевски.
„Во мојот случај на прогон истите имаат минорно учество. Јас и повеќе мои соработници сме под прогон за несторени работи, на тој прогон заднината е страв од конкуренција и желба за политичка елиминација и тоа се нарекува политички прогон. Тој прогон трае и до ден-денес, а сè уште трае и расте стравот на многумина од неговото запирање или неуспех. И имаат причина за страв!“, напиша Груевски на ФБ.