Почна седницата на Советот за безбедност

Во Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски почна седницата на Советот за безбедност на Република Северна Македонија, на која ќе се разговара за безбедносната состојба во државава и евро-атлантскиот регион.

На седницата, како што информираат од Кабинетот на Пендаровски, покрај членовите на Советот за безбедност, ќе присуствуваат и директорот на Агенцијата за разузнавање Еролд Муслиу, директорот на Агенцијата за национална безбедност Зарко Милошевски и началникот на Генералштабот на Армијата генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски.

По завршувањето на седницата, претседателот Стево Пендаровски ќе даде изјава за јавноста, која ќе биде пренесувана на YouTube и Facebook платформите на претседателот.