
Почина легендарниот тренер Мирослав Чиро Блажевиќ. Фудбалскиот тренер и поранешен селектор на хрватската репрезентација почина на 88-годишна возраст по долга борба со ракот.
Тој почина два дена пред неговиот 88-ми роденден.
Блажевиќ во 1982 година на Динамо му ја донесе титулата шампион на Југославија по 24 години чекање и засекогаш стана легенда на Динамо.
За шест години, Чиро ја водеше Хрватска 73 пати и забележа 36 победи, 22 нерешени и 15 порази.
Во 1998 година и донесе бронза на Хрватска во Франција и напиша спортска историја.
Роден е во Травник на 9 февруари 1935 година. Завршил само основно училиште, а средното образование го напуштил поради фудбалот, иако тоа го надоместил подоцна во триесеттите.
Како фудбалер имаше просечна кариера играјќи за Динамо Загреб, Сараево, Риека, Хајдук и швајцарскиот Сион. Како селектор испиша историја и со освојувањето на третото место со Хрватска на Светското првенство во Франција во 1998 година.
Со Динамо го освои југословенскиот шампионат во 1982 година, но навивачите на тој клуб го паметат и по тоа што го пушти Роберт Просинечки во Црвена Звезда, тврдејќи дека не е доволно талентиран.
Затоа и до ден денес се потсетуваше на неговата изјава дека „ќе си ја изеде капата ако Просинечки стане фудбалер“, додека пак тврди дека тоа намерно го кажал за да го разбуди инаетот кај поранешниот играч на Реал Мадрид бидејќи видел дека тој имал талент, но не и работни навики.
Тој тврдеше дека единствено жалење во кариерата му е што никогаш не бил тренер на Црвена Звезда, како и што би сакал да стане првиот Хрват на селекторската функција на Србија.