
Поскок касна четиригодишно момче во камп во Хрватска
Според достапните информации, инцидентот се случил додека момчето си играло во природа. Тоа поместило помал камен и веројатно ја вознемирило змијата што се наоѓала под него, по што таа го каснала.
Четиригодишно момче од Австрија беше каснато од поскок во камп во Истра, по што итно беше пренесено во болница во Риека и сместено на одделот за интензивна нега.
Момчето престојувало во Хрватска на летување со семејството, јавуваат австриските медиуми.
Според достапните информации, инцидентот се случил додека момчето си играло во природа. Тоа поместило помал камен и веројатно ја вознемирило змијата што се наоѓала под него, по што таа го каснала.
На момчето веднаш му била укажана лекарска помош и било пренесено во болница во Риека. Таму било примено на одделот за детска интензивна нега, каде што му бил даден противотров, а семејството потврдило дека состојбата на момчето е стабилна и дека добро реагира на третманот.
Се чини дека станувало збор за помлад примерок на поскок.
Каснувањето од оваа змија, чиј отров е еден од најсилните меѓу европските отровни змии, може да биде исклучително опасно. Ризикот е особено голем за малите деца поради нивната мала телесна маса, бидејќи отровот има многу посилно дејство врз нивниот организам.