
Поскапуваат горивата
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менува, односно останува на исто ниво како што била утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 20.01.2023 година. Цената изнесува 85,00 ден/лит.
Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се зголемуваат за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 20.01.2023 година.
Со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 83,00 ден/лит, a малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 84,00 ден/лит.