Пониски приливи, поголеми одливи: Инвестициските фондови со негатива од 4,76 милиони евра

За четири милиони евра е намалена нето-вредноста на отворените инвестициски фондови. На крајот на јули се на прагот од 35,3 милијарди денари, односно 574 милиони евра. Јунското салдо било 578 милиони евра, па месечното намалување изнесува 0,83 отсто.

Во јули е регистриран вкупен прилив на средства од 2,03 милијарди денари, што е противвредност на околу 33 милиони евра. Во споредба со јуни, кога приливите биле 40 милиони евра, тоа е намалување од 17,68 отсто.

Истовремено, според податоците од јулскиот извештај на Комисијата за хартии од вредност, одливите значително се зголемиле. Исплатите во јули достигнале 2,3 милијарди денари, односно 37,8 милиони евра, што е 67,48 насто повеќе од јуни, кога одливите изнесувале 22,6 милиони евра.

Токму поголемите одливи од приливи ја формирале негативната нето-разлика од 4,76 милиони евра во јули.