Полицијата досега уапсила 780 лица по „славењето“ фудбалска победа во Франција
Францускиот министер за внатрешни работи Лоран Нуњез денеска изјави дека полицијата уапсила околу 780 лица во текот на ноќта по победата на Пари Сен Жермен во Лигата на шампионите, од кои повеќе од 450 се задржани во притвор. Тоа е за 32 проценти повеќе од минатата година за истиот настан.

Тој оцени дека ситуацијата во целина била „под контрола“, но призна дека собирите на навивачи и таканаречените навивачи кои ги предизвикаа нередите претставуваат сериозен предизвик за полицијата.
Исто така, 219 лица се повредени во жестоките судири меѓу фудбалските навивачи и полицијата ширум Франција, кои избија по победата на Пари Сен Жермен (ПСЖ) во финалето на Лигата на шампионите против Арсенал. Министерот за внатрешни работи, Лоран Нуњез, соопшти дека осум лица се наоѓаат во критична состојба.
За да се спречи ескалацијата на насилството, кое целосно го парализираше автобускиот и железничкиот сообраќај во главниот град, беа распоредени илјадници полицајци. Во судирите со насилните групи, повредени се и 57 припадници на безбедносните сили.
Во текот на хаотичната ноќ беше регистриран и еден смртен случај – едно лице го загуби животот во сообраќајна несреќа на обиколницата околу Париз, која демонстрантите се обидоа да ја блокираат.
Овие драматични сцени од Париз будно потсетуваат на нередите кои се случија и минатата година, кога навивачите на ПСЖ на сличен начин ја прославуваа европската титула.