
Познати се четвртфиналните двојки на ракометниот Мундијал во Полска и Шведска
Светското ракометно првенство стигна до главната групна фаза. Осумте најдобри селекции си обезбедија места во четвртфиналето и првите плеј-оф дуели во Шведска и Полска.
Најголемо дерби ќе биде дуелот на Норвешка и Шпанија, а ништо помалку атрактивна нема да е ниту пресметката на Франција и Германија.
Покрај нив, Шведска оди на мегдан со Египет, а Данците ќе се судрат со Унгарија.
Сите четвртфинални дуали се закажани за в среда.
Два дуели се играат во „Ерго Арена“ во Гдањск, додека два се закажани за во „Теле2 Арената“ во Стокхолм.
Македонската ракометна репрезентација по вчерашната убедлива победа против Мароко во „Президент купот“, ќе игра за пласман на 27-мото место на СП против селекцијата на Јужна Кореја, во среда од 18 часот.