Пет лица загинаа во пожар во фабрика за голф топчиња во Тајван

Најмалку пет лица загинаа, а повеќе од 100 се повредени во пожар и експлозии во фабрика за голф топчиња во јужен Тајван.

Пожарот избувнал во фабрика во округот Пингтунг и пожарникарите се бореле со него цела ноќ.

Надлежните соопштија дека спасувачите се уште трагаат по четворица работници и еден пожарникар кои се водат како исчезнати.

Повеќе од 100 луѓе се пренесени во болница со повреди.

Причината за пожарот се уште е под истрага, рече окружниот судија во Пингтунг Чоу Чун-ми во објава на Фејсбук.