Петр Фиала е нов премиер на Чешка

Либералниот чешки политичар, Петр Фиала од денеска е нов премиер на Чешка. Тој даде заклетва пред актуелниот претседател Милош Земан, кој беше зад проѕирна преграда затоа што е позитивен на коронавирус.

Фиала е предводник на сојуз од 5 групации. Тој пред три недели рече дека земјата се соочува со тешки времиња. Чешка е под силен удар на четвртиот бран на пандемијата со Ковид-19, со седумдневна стапка на инциденца од 1.191 случај на 100.000 луѓе.

Новата коалиција се изјасни против задолжителната вакцинација.