Петрова-Чамова пред средбата со Муцунски: Бугарија нема да преговара повторно за францускиот предлог

Бугарското Министерство за надворешни работи категорично се спротивставува на обидите на Македонија да го заобиколи или повторно да преговара за францускиот предлог.

Бугарското Министерство за надворешни работи категорично се спротивставува на обидите на Македонија да го заобиколи или повторно да преговара за францускиот предлог.

„Европската интеграција на Македонија зависи од спроведувањето на европскиот консензус од јули 2022 година. Бугарија категорично се спротивставува на обидите на Македонија да ги заобиколи или повторно да преговара за нив. Министерството за надворешни работи, преку мрежата на бугарските мисии во странство во земјите-членки на ЕУ и во Скопје, вложува активни напори за да спречи какво било повлекување, заобиколување или доведување во прашање на преземените обврски“, изјави бугарската министерка за надворешни работи Велислава Петрова-Чамова како одговор на пратеничко прашање во бугарскиот парламент.

За бугарското Министерство за надворешни работи, приоритетна задача е имплементација на елементите усвоени во јули 2022 година, почитувајќи ги одлуките на нивниот Парламент од 24 јуни 2022 година и 30 мај 2025 година за европската интеграција на Македонија.

Петрова-Чамова нагласи дека бугарското Министерство за надворешни работи категорично се спротивставува на обидите на Македонија да ги заобиколи или повторно да преговара за нив.

Новиот бугарски министер уверува дека нивното Министерство за надворешни работи ќе продолжи да одржува активен и интензивен дијалог со европските партнери и европските институции за заштита на националните интереси во процесот на проширување на ЕУ.

Утре попладне ќе има средба меѓу македонскиот министер за надворешни работи Тимчо Муцунски и неговата бугарска колешка Весислава Петрова Чамова во Хелсинборг, потврдуваат извори од МНР за „ТВ24.“

Муцуснки и Петрова Чамова се на Самит на министри за надворешни работи на земји членки на НАТО во Шведска и според информациите на тв 24 утре попладне договорена е официјална средба меѓу двете делегации.