Петков бара руската амбасада да не се меша во внатрешната политика на земјата

Кирил Петков – премиерот на Бугарија разговарал со амбасадорката на Русија во Софија – Елеонора Митрофанова.

Петков ја повикал амбасадорката да се придржува до општоприфатените норми за дипломатска комуникација и побарал таа да се однесува со должна почит и да не користи навредливи квалификации кон бугарските институции.

Амбасадорката му се извинила на Петков.

На средбата со бугарскиот премиер ја изразил и својата огорченост што во официјалната честитка до Бугарија на 3. март, руската амбасада во Софија ја спореди војната во Украина со ослободувањето на Бугарија во 1877-1878 година.

Петков повика на прекин на војната и враќање на дијалогот.