Пенов: Универзална сала целосно ќе биде преземена од Министерството за култура

Имаме комплетна согласност од градоначалничката Данела Арсовска за Универзална сала целосно да ја преземе Министерство за култура, изјави денеска министерот за локална самоуправа Ристо Пенов кој заедно со министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска беа кај градоначалничката Данела Арсовска.

Пенов и Костадиновска-Стојчевска со градоначалничката разговараа за состојбите со реконструкцијата на Универзалната сала во Скопје.

„Јас бев и за проектите кои се важни за Скопје, како што се подземниот премин кај „Рамстор“, мостот во Карпош кај Љубљанска, кој е од особено значење за скопјани да го имаат, и оној во Аеродром кој стои заради имотно-правни односи. За овие проекти се договоривме да соработуваме со Арсовска“, рече Пенов.

Пенов, пак како министер за локална самоуправа од Арсовска побарал објаснување за проекти кои се реализираат и кои се од интерес за скопјани.

Пред средбата министерката за култура изјави дека со министерот за локална самоуправа Ристо Пенов имаат задолжение од Влада да направат работен состанок со градоначалничката Данела Арсовска по однос на прашањето за состојбата со Универзална сала.