Пендаровски: Најдобро е да изградиме модел на економски раст што ќе биде отпорен на кризи!

„Да изградиме модел на економски раст отпорен на кризи“ – порача македонскиот претседател Стево Пендаровски во обраќањето на вториот ден од Скопскиот економско финансиски форум (СЕФФ).

Пендаровски смета дека нашиот одговор треба да соодветствува со домашните специфики.

„Ако сакаме одржлив напредок, прв приоритет е, подвлече претседателот, да го преобмислиме моделот за економски развој, доколку нашата амбиција не е само да опстанеме, туку и да напредуваме. Можеби краткорочно некои од овие политики ќе бидат болни, но долгорочно тие се неопходни и корисни“ вели тој.

Осврнувајќи се на актуелната ситуација во светски рами, потенцира дека поради брзите промени, многу извшетаи и стратегии застаруваат пред да бидат објавени.

„Затоа, најдобро е да изградиме модел на економски раст што ќе биде отпорен на кризи. Клучно е прашањето дали ќе има смирување и нормализација на ситуацијата или ќе треба да научиме да функиционираме во неизвесност. Економските, еколошките социјалните и безбедносните кризи во изминатите 20 години со кои се соочува човештвото се зголемија. Истовремено, глобалните мегатрендови како дигитализацијата, климатските промени и растечката нееднаквост, драстично ги менуваат правилата по кои функцонираат и индустријата и пазарот на трудот“ – рече шефот на државата.

Пандемијата го скрати времето за спроведување на политиките поврзани со целите на одржлив развој, смета Претседателот..

„Имаме забавен економски раст, зголемување на инфлација, на цените и на јавниот долг, продлабочување на нееднаквоста меѓу државите и во нив. Руско-украинската криза, пак, прекина витални синџири за набавка, ги поремети пазарите за храна и предизвика енергетска криза“ вели Пендаровски.