Пациент од Охрид по седум години чекање на срце итно префрлен во Германија

Пациент од Охрид, кој со години чека трансплантација на срце, по влошување на здравствената состојба денеска е итно транспортиран во Германија.

Пациент од Охрид, кој со години чека трансплантација на срце, по влошување на здравствената состојба денеска е итно транспортиран во Германија. Тој е префрлен во Универзитетскиот клинички центар во Берлин, каде треба да биде стабилизиран и подготвен за оперативен зафат, додека се чека соодветен органодарител.

Според информациите од Владата, пациентот претходно се лекувал на Клиниката за кардиохирургија и бил квалификуван за трансплантација на срце. Поради влошувањето на неговата состојба и потребата од итен третман, а поради недостаток на соодветен органодарител во земјава, била поведена постапка за негово лекување во странство.

Транспортот е реализиран преку Фондот за здравствено осигурување, со поддршка од Министерството за здравство. Германскиот медицински центар го прифатил пациентот за стабилизација и подготовка за оперативниот зафат, по што ќе се чека да се појави соодветен органодарител за трансплантацијата.

Итното префрлање на пациентот во Берлин сега треба да овозможи неговата состојба да се стабилизира и да се создадат услови тој да го дочека соодветниот органодарител.