
Патријархот московски и на цела Русија, Кирил, денеска изјави дека односите меѓу земјите се влошени во последните десет години и оцени дека поради оваа недоверба, постои закана од војна од големи размери.
Како што рече, многу работи се сменија во последните десет години.
„Сите сме сведоци на многу напната атмосфера и недоверба меѓу земјите, а оваа тензија расте и се заканува да прерасне во војна од големи размери. Односите се уназадија имајќи предвид дека толку многу се влошија“, рече патријархот Кирил, пренесува „Спутник“.