Папата: Се молам за мир и Бог да го забрза крајот на војната

Папата Франциск денеска го осуди последниот бран ракетни напади врз Украина и повика на прекин на огнот за да се избегне понатамошна ескалација на конфликтот, барајќи од Бога „да побрза“ во завршувањето на војната.

Папата одржа говор на генералната аудиенција на плоштадот Св. Петра во време кога НАТО ги истражува непотврдените информации дека експлозијата во полско село на границата со Украина била предизвикана од залутани руски ракети. Френциск не го спомна тој инцидент во својот говор.

„Со болка и загриженост дознав за нов и уште помоќен ракетен напад врз Украина кој предизвика смрт и предизвика голема штета на цивилната инфраструктура“, рече Папата.

„Се молиме Господ да ги преобрати срцата на оние кои сè уште имаат доверба во војната и желбата за мир да надвладее во маченичката Украина за да се избегне ескалација и да се отвори патот за дијалог и прекин на огнот“, додаде Светиот Отец.

Неколку минути подоцна, зборувајќи за Украина, тој накратко рече: „Можеме да се молиме за Украина и да кажеме, Боже, побрзај“.

Во вторникот Русија лансираше 110 проектили и 10 беспилотни летала од иранско производство, објави главниот штаб на украинската армија.