Пандемијата, цените на енергијата и безбедноста – теми на последниот годишен состанок на Европскиот совет

Денеска, на последниот состанок годинава во Брисел, лидерите на ЕУ се очекува да разговараат за Ковид пандемијата, за цените на енергијата и за безбедносните прашања кои се наметнуваат.

Во врска со пандемијата на вирусот која трае безмалку 2 години, најверојатно тие ќе разговараат за можноста за воведување задолжителна имунизација.

Лидерите на земјите членки на ЕУ ќе се запознаат и со последните оценки за состојбата на енергетските пазари и ќе разговараат за предлозите на Европската комисија за спротивставување на ценовниот притисок.

Европскиот совет ќе разговара и за соработката со земјите кои не се членки на ЕУ за миграцијата.

На средбата се очекува да се разговара и за ситуацијата што ја предизвика Белорусија на границата со ЕУ, како и за дејствијата на Русија на границата со Украина.