Османи: Меѓупарламентарната дипломатија клучна за зајакнување на односите со Јапонија

Бујар Османи – министерот за надворешни работи Бујар Османи во работната посета на Јапонија, оствари одвоени средби со спикерот на Домот на претставници Хиројуки Хосода и претседателката на Домот на советници Санто Акико.

Од МНР информираа дека на средбите со соговорниците се осврнале на односите меѓу Северна Македонија и Јапонија, при што акцентот беше ставен на меѓупарламентарната соработка. Беше констатирано дека постои голем потенцијал за продлабочување на врските меѓу двата законодавни дома, особено преку постоечките пратенички групи за соработка во двете земји.

На средбите станало збор и за економската соработка меѓу двете земји и можностите за унапредување на бизнис релациите, особено во делот на привлекување јапонски инвестициите.

Соговорниците разменија мислења и за актуелната безбедносна состојба по руската инвазија во Украина, како и нејзиното влијание врз стабилноста во Европа и Индо – Пацификот.