„Oд Украина досега вкупно се евакуирани 120 лица, од кои дел се украински државјани со нивни семејства“. Ова на денешниот брифинг го информираше министерот за надворешни работи Бујар Османи.
„Од нив, 20 го искористија нашиот апел да ја напуштат државата пред 24 февруари, пред започнување на конфликтот. Во активна евакуација се 43 наши граѓани, што значи дека ги напуштиле живеалиштата и се на пат да излезат од Украина, пред еден час седум граѓани ја напуштија државата“ – соопшти Османи.
Тој додаде дека има дел од наши граѓани кои ја напуштилe Украина, нo заминале во Полска и решиле да останат таму, со намера во прва прилика да се вратат повторно во Украина. Има и граѓани кои во С. Макеоднија немаат ништо, освен македонско државјанство, па решиле да останат во Полска или соседните земји.
„Минатата недела, МНР испрати дипломатска мисија во Украина со цел да ја олеснат евакуацијата на македонските граѓани. Околу 38 граѓани сè уште се во нивните живеалишта во Украина, од кои 11 во Киев, седум во Запорожје и 20 по другите градови“ – вели Османи.