
Додека државата се празни, дијаспората на Македонија во странство станува се поголема – и тоа не само поради новите иселеници, туку и преку семејствата што тие ги формираат надвор од нашите граници.
Како илустрација, според неофицијални податоци, во текот на оваа година во Австралија биле издадени околу 700 патни исправи на Филипинки кои стапиле во брак со македонски државјани и по таа основа се стекнале со право да добијат македонски пасоши. Практично на следните избори тие ќе имаат право на глас во нашата држава и ќе влијаат и на внатрешната политика.
А, Филипинките се само еден сегмент од странските државјани кои на ваков начин стануваат дел од дијаспората на Македонија. Низ Скопје и другите поголеми градови во државата секоја година можат да се забележат странци што зборуваат македонски јазик, а доаѓаат од Африка, од европски земји, од Азија или други континенти.