Од 10. март „Audi“ нема да прима нарачки за хибриди
Германската компанија „Audi“ на 10. овој месец ќе престане да прима нарачки за хибридни верзии на своите модели во Европа. Причината е конфликтот во Украина, што доведува до прекин на снабдувањето со електрична опрема.
Според информациите, во моментов побарувачката за хибридни модели е многу голема и поради проблемите со логистиката, во „Audi“ немаат начин како да се снајдат. Околу 7% од електронските компоненти за европскиот пазар се произведуваат во Украина, а германските производители „BMW“ и „VW Group“ се најтешко погодени од прекините во снабдувањето.
„Audi“ најави дека привремено ќе го прекине производството на сите верзии на „A4“ и „A5“ помеѓу 7 и 11 март и „A6“ и „A7“ (7-18 март).
Слични активности преземаат и други компании од групацијата „VW“, вклучувајќи ги „Volkswagen“, „Porsche“ и „Skoda“.