Од следната сезона директна авио линија од Скопје до Рига

Од следната сезона ќе имаме нова директна авио линија од Скопје до Рига. Летонскиот национален авиопревозник „ЕрБалтик“ следниот мај ќе почне со летовите од Рига до Скопје, Љубљана и Приштина, кои за првпат се воведуваат. Сите три линии ќе ги има двапати неделно, а ќе се лета со „ербас А220-300“.

Првиот лет на релацијата Рига-Скопје ќе се случи на 2 мај 2024.

„Подготвувајќи се за новата сезона, откривме можност да ја прошириме нашата мрежа во централна и југоисточна Европа со конекции до балтичките и скандинавските држави“, изјави извршниот диртектор на „ЕрБалтик“, Мартин Гаус.

Оваа компанија летово отвори сезонски линии од Рига за Белград и Тиват.