Облечени во комбинезони и со лисици на рацете – четворицата осомничени поврзани со убиството на Вања и Панче спроведени на распит

Четворицата осомничени, меѓу кои и таткото на киднапираната и убиена Вања Ѓорчевска, Александар Ѓорчевски, вечерва се повторно изведени пред судија на претходна постапка, каде што се одлучува за нова мерка притвор од времетраење од 30 дена.

Под силно полициско присуство и специјална единица вечерва во Кривичниот суд беа донесени четворицата осомничени за киднапирањето и убиството на 14-годишната тинејџерка Вања.

Со лисици на рацете, во посебна иста облека, дел од нив и шишани беа транспортирани од „Шутка“ во Кривичниот суд каде треба да им се продолжи мерката притвор.

Таткото на Вања денеска во текот на денот даваше исказ по вторпат, но тој упорно негира дека бил вмешан во киднапирањето на неговата ќерка, кој само три часа откако била грабната од влезот во зградата, каде што живеела со нејзината мајка и сестра, била убиена.

Во меѓувреме, обвинителите бараат и притвор за уште едно лице, осомничено за делото „помагање“, односно дека со своето возило му помогнал на првоосомничениот Љупчо Палевски да побегне од Србија во Турција.