Попладнево во 16.14 часот е регистриран нов земјотрес со интензитет од 4,3 степени според Рихтер со епицентар на 8 километри од Лерин на длабочина од 2 километри.
Повторно беше почувствуван земјотресот на територија на Македонија.
Засега нема информации за евентуални штети.
Тлото се уште не мирува откако во истото епицентрачно подрачје на 9. јануари вечерта нешто пред 23 часот беше регистриран силен земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтер, по кој следуваа серија потреси со помал интензитет, таканаречени афтершокови.
Тие земјотреси внесоа вознемиреност кај населението пред се во битолскиот регион, а беа регистрирани и оштетувања на објектите.