Бучковски не е повеќе специјален претставник во разговорите со Бугарија

На денешната седница на Владата бил разреши Владо Бучковски од должноста специјален претставник на Македонија во преговорите со Бугарија за надминување на спорот, информираат од владината прес-служба.

Засега не се соопштуваат причините за резрешувањето на поранешниот премиер на земјава.

Бучковски кон крајот на 2020 година беше именуван од Владата на Зоран Заев како специјален претставник на Македонија поради неговиот углед во Бугарија и контактите што ги има со тамошните официјални политички личности.

При крајот на 2021 година на Бучковски му беше продолжен мандатот како олеснувач во разговорите со Бугарија за надминување на спорот и за тргање на бугарското вето за Македонија поради кое земјава не доби датум за преговори со Европската Унија.