
На маргините на ГС на ОН средба Лавров – Вадефул
Тоа се први разговори на министерско ниво од почетокот на војната на Русија против Украина во 2022 година
На маргините на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк денеска средба имаа министрите за надворешни работи на Русија и на Германија, Сергеј Лавров и Јохан Вадефул.
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова изјави дека средбата била иницирана од Германија.
Тоа беше нивна прва билатерална средба по повеќе години и се одржа во просторија обезбедена од Русија во зградата на ОН.
Тоа се први разговори на министерско ниво од почетокот на војната на Русија против Украина во 2022 година. Изминатите години претставници на германската и руската влада учествуваа на разни меѓународни форуми, немаше директни разговори на ниво на шефови на дипломатија.
Тоа беше нивна прва билатерална средба по години и се одржа во просторија обезбедена од Русија во зградата на ОН.