Новак Ѓоковиќ купи луксузна вила во Херцег Нови!

Српскиот тенисер деновиве престојува во Црна Гора каде ужива во одморот, но и се подготвува за продолжението од сезоната.

Вчера се појавија ексклузивни снимки од тренингот на српскиот ас, а по работата на теренот, Ноле се упати кон вилата што ја купи.

– По тренингот го однесоа во вилата. Тој купил вила овде. Тие се всушност станови, неговиот е најверојатно на покривот. Синоќа гледавме како свети светлото, а луѓето беа на тераса. Тој стан е затскриен, има целосен мир. Цените за изнајмување се околу 2.000 евра за ноќ – вели извор на српски Блиц.

Ѓоковиќ повеќе од десет дена е во Црна Гора, а следна дестинација ќе му биде Америка каде ќе „брка“ нова Грен слем титула на УС Опен.