
На 28 август обезбеден дополнителен превоз за сите верници и посетители до Манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ – Матка
Покрај редовната автобуска линија бр. 60, ќе сообраќа и дополнителен автобус по потреба до Полициската станица Матка. Оттаму, посетителите ќе бидат преземани со минибус до најблиската пристапна точка до манастирот - информираат монахињите од Манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ – Матка.
По повод Успението на Пресвета Богородица (28 август) за претстојната манастирска слава, ќе биде обезбеден дополнителен организиран превоз за сите верници и посетители до Манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ – Матка.
Покрај редовната автобуска линија бр. 60, ќе сообраќа и дополнителен автобус по потреба до Полициската станица Матка.
Оттаму, посетителите ќе бидат преземани со минибус до најблиската пристапна точка до манастирот – информираат монахињите од Манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ – Матка.

– Со љубов ве очекуваме да ја споделиме празничната радост, Литургиски со соборна молитва и мир. Нека благословот на Пресвета Богородица биде со сите нас. На многаја лета!!! – посочуваат од сестринството.