Најави од Лондон: Можни се и лични санкции против Путин!
„Велика Британија не исклучува санкции насочени лично против рускиот претседател Владимир Путин, доколку Русија ја нападне Украина“. Ова го изјави денеска британската министерка за надворешни работи Лиз Трaс.
Таа вели и дека се можни санкции против претседателот на Русија – Владимир Путин: „Ништо не исклучуваме“.
„Ќе претставиме нов закон што ќе го заостри нашиот режим на санкции за да можеме да таргетираме повеќе компании и поединци во Русија. Тоа ќе го изнесеме во следните неколку дена. Не исклучуваме ништо“ – изјави министерката.