
Шпанскиот тенисер Рафаел Надал, кој заедно со Роџер Федерер се најголемите ривали на Новак Ѓоковиќ во кариерата, му честиташе на српскиот тенисер за освоената десетта титула на Отвореното првенство на Австралија.
Оваа честитка дојде по еден ден откако Ѓоковиќ во финалето го победи Стефанос Циципас во три сета и се врати на првото место на АТП ранг-листата, како и по критиките од светските медиуми дека само тој и Роџер останале неми на историскиот успех.
Надал му честиташе со објава на социјалната мрежа „Инстаграм“, каде што напиша дека Ѓоковиќ остварил неверојатен успех.
„Ти честитам Ноле тебе и на твојот тим за овој голем успех. Уживајте во моментот“, напиша Рафаел Надал на „Инстаграм“, на која објави и фотографија од Ѓоковиќ со шампионскиот пехар.
View this post on Instagram