Мртов пијан со автомобил удрил во две деца на мопед, едното останало без нозе

Горан М. (39) е осомничен дека синоќа на патот Глоговица – Дубочана во Србија возел „голф 2“ со 1,94 промили алкохол во крвта, преминал на спротивната сообраќајна лента и удрил во мопед управуван од две момчиња на возраст од 11 и 12, по што побегнал.

Како што напиша „Блиц“, полицијата на лице место ги пронашла повредените момчиња М.Д. и П.У., како и дел од ногата на момчето М.Д., кое со возило на Брза помош било пренесено во Белград.

Управата на сообраќајната полиција организирала пресретнувачи и патроли за да го расчистат патот кон Белград за тешко повреденото 11-годишно момче во придружба на лекарска помош што поскоро да стигне до болницата.

Според сознанијата, второто момче е згрижено во нишкиот клинички центар. Констатирани му се тешки физички повреди – скршеница на двете потколеници.